Достапни линкови

Амбасадорот на САД - Во Албанија дејствуваат четири криминални кланови


Архивска фотографија-амбасадорот на САД во Албанија Доналд Лу

Американскиот амбасадор во Албанија, Доналд Лу денеска во Тирана предупреди дека во таа земја дејствуваат четири криминални кланови, контролирани од 20 криминални семејства, кои се занимаваат со одгледување и дистрибуирање на дрога, трговија со луѓе, уцени, кражби на автомобили и перење на пари.

Иако во производството и дистрибуцијата на канабис е постигнат одреден напредок, забележал американскиот дипломат, најголемиот предизвик на Албанија сè уште е борбата против организираниот криминал.

Лу рече дека имињата на припадниците на тие криминални групи се познати, а како пример ги наведе шверцерот на дрога Емилиано Шулази, за кого медиумите тврдат дека раководи со криминален клан од затворска ќелија, шефот на Драчкиот криминален клан, Љуљ Бериша, кој беше порано ослободен од затвор и Климент Баљиљи, за кого тврди дека тргува со дрога и по кого трагаат Грција и американската служба ДЕА.

XS
SM
MD
LG