Достапни линкови

Сведоци во „Тврдина 2“ велат дека имало уништување материјали од УБК


Архивска фотографија-Горан Грујевски пред Основен суд Скопје 1 по судењето за Тврдина 2, 03.07.2017

Сведоци во случајот „Тврдина 2“ потврдија дека комисија од Петтата управа во тајната база „Брест“ во скопски Петровец уништила материјали од УБК. Рекоа дека не ја знаат содржината на уништените материјали, кои биле сместени во црни кеси. Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за „Тврдина 2“.

СЈО обвини вработени во УБК дека во 2015, непосредно по објавување на опозициските „бомби“, биле уништени докази за прислушувањето. Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујевски и шест вработени во Управата. На Грујевски, кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство. На претходното рочиште беше кажано дека во овој случај сведок е и колегата на Грујовски од УБК, Никола Бошковски, кој, исто така, е во бегство. По двајцата е распишана и меѓународна потерница. Тие не се достапни од 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.

На денешното рочиште судијката на барање на одбраната и обвинителите ја исклучи јавноста од расправата поради изведување доверливи информации.

XS
SM
MD
LG