Достапни линкови

Новиот американски амбасадор Џон Хантсман пристигна во Москва


Новиот американски амбасадор во Русија, 57-годишниот Џон Хантсман

Новиот американски амбасадор во Русија, 57-годишниот Џон Хантсман, денеска пристигна во Москва.

Советникот во Кремљ, Јури Ушаков, соопшти дека Хантсман утре ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Владимир Путин.

Хантсман доаѓа во Москва во време на големи тензии меѓу САД и Русија. Односите се нарушени поради руската агресија во Украина, нејзините активности во Сирија и, како што велат американските разузнавачи, мешањето во претседателските избори во САД во 2016 година.

За време на сослушувањето пред Сенатот на 19 септември, тој рече дека „нема никакво сомневање“ дека Москва се вмешала во минатогодишните претседателски избори и оти продолжува да се меша во демократските процеси кај американските сојузници.

Хантсман, кој беше и гувернер на Јута, има големо дипломатско искуство како амбасадор во Кина, а претходно и во Сингапур.

XS
SM
MD
LG