Достапни линкови

Нобеловата награда за медицина за генот за „внатрешниот часовник“ кај човекот


Тројца американски истражувачи ја добија Нобеловата награда за медицина за истражувањето на „внатрешниот часовник“ кај човекот. Добитници на годинашната награда се научниците Џефри Хол, Мајл Росбаш и Мајкл Јанг, соопшти денеска Нобеловиот комитет во Стокхолм.

Росбаш е од Универзитетот Брендис во Масачусец, Јанг од Рокфелер универзитетот во Њујорк, а Хол од Универзитетот Мејн.

Наградата од 9 милиони круни, односно 1,1 милиони американски долари е поради тоа што тие успеале да го изолираат генот кој го контролира нормалниот дневен биолошки ритам кај човекот.

Тројцата научници го спроведуваат истражувањето за спиењето од 1980 година.

XS
SM
MD
LG