Достапни линкови

Фејсбук му ги предава доказите за руски реклами на американскиот Конгрес


Фејсбук соопшти дека ќе му обезбеди на американскиот Конгрес копии од околу 3.000 реклами, кок, според компанијата, веројатно биле купени од луѓе во Русија пред и за време на американските претседателски избори во 2016 година.

Најголемата социјална мрежа во светот вчера соопшти дека на Конгресот денеска ќе му достави и информации за тоа кон кого биле насочени рекламите и колку чини секоја од нив.

Американските истражители ја истражуваат наводната руска вмешаност во ланските претседателски избори во САД.

Американските разузнавачки агенции ја обвинуваат Русија дека влијаела во предизборната кампања во корист на претседателот Доналд Трамп, а против неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон. Москва ги негира обвинувањата.

XS
SM
MD
LG