Достапни линкови

Рочиште за „Тврдина 2“, јавноста исклучена од судењето


Архивска фотографија: Горан Грујевски пред Основниот суд Скопје 1

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, во кој според обвинението од СЈО, во 2015, непосредно по објавување на опозициските „бомби“, биле уништени системи за следење на комуникациите. На почетокот на рочиштето, судијката, на барање на одбраната и обвинителите, ја исклучи јавноста од расправата поради изведување доверливи информации.

Првообвинет во овој случај е поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујевски и шестмина вработени во Управата. На Грујевски, кој е во бегство, ќе му се суди во отсуство.

На претходното рочиште беше кажано дека во овој случај сведок е и колегата на Грујевски, Никола Бошковски, кој, исто така, е во бегство.

По двајцата е распишана и меѓународна потерница. Тие не се достапни од 18 јули, откако Врховниот суд по повеќедневно пролонгирање им го потврди притворот што претходно го одреди Кривичниот суд.

XS
SM
MD
LG