Достапни линкови

Димитров за името – За танго се потребни двајца


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Ниту Атина, ниту Скопје, не можат да 'добијат' ако другата страна 'изгуби', пишува министерот за надворешни работи Никола Димитров во колумна за неделното издание на грчкиот весник „То Вима“.

„Ако пораката за време на мојата прва посета на Атина беше „прво се запознаваме, па потоа танцуваме“, пораката во врска со претстојниот состанок на министрите во Солун е дека „за танго се потребни двајца“. Влегувањето во чевлите на другиот, разбирањето на клучните грижи на другиот е од голема важност“, пишува Димитров.

Тој вели дека иако минатото на двете земји е борба на антагонизми, митови и различни перцепции, не смее да се дозволи тоа да ја загрози заедничката европска иднина. Стабилна, економски развиена и европска Република Македонија е во интерес и на Грција, пишува тој.

Димитров вели дека во Македонија постои нов дух на соработка за унапредување на односите со соседите и пријателите.

„Во односите со Грција постои прозорец на можност и се надевам дека политичките фактори во Грција ќе го препознаат“, смета Димитров.

XS
SM
MD
LG