Достапни линкови

Состанок на шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија


Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕиас и Никола Поповски

По иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 4 и 5 октомври во Солун ќе се одржи средба на шефовите на дипломатиите на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, објавија грчките медиуми. Тоа ќе биде втора средба од таков формат во рамки на напорите на грчката дипломатија за зајакнување на регионалната стабилност и трансграничната соработка меѓу соседните земји од јужниот дел на Балканот. Настанот ќе биде со поширок дневен ред и претставува продолжение на неодамнешните контакти на Коѕиас со неговите колеги од овие три земји за време на Генералното собрание на ОН од 18 до 22 септември во Њујорк. Целта на средбата е да биде потврдена институционалната соработка меѓу четирите земји, кои треба да решаваат безбедносни прашања и да се борат против екстремизмот, тероризмот и радикализацијата.

XS
SM
MD
LG