Достапни линкови

Во Сирија во септември над 3 илјади цивилни жртви


во минатиот месец во Сирија биле убиени 3.055 цивили

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека во минатиот месец во Сирија биле убиени 3.055 цивили, што е најмногу годинава. Од почетокот на граѓанската војна досега во Сирија загинале над 330 илјади луѓе, додека околу 5 милиони биле принудени да ја напуштат земјата. Русија и Иран ја поддржуваат владата на претседателот Башар ал Асад, додека САД и Турција поддржуваат различни бунтовнички групи. Екстремистичката група Исламска држава се бори против овие две страни.

XS
SM
MD
LG