Достапни линкови

Ирачките Курди формираа Совет по референдумот


претседателот на автономниот ирачки регион Масуд Барзани

Лидерите на ирачките Курди формираа политички совет за прашања поврзани со референдумот за независност кој се одржа и покрај големото противење од власите во Багдад. Советот бил формиран во Ирбил на состанок кој го раковедел претседателот на автономниот ирачки регион Масуд Барзани. На референдумот одржан на 25 септември скоро 95 насто од 3,3 милиони од оние што излегоа на гласањето се изјаснија за независност од Ирак. Освен властите во Багдад против референдумот се, Турција, Иран, САД, како и и другите западни сили. Курдите велат дека Советот е креиран за да воспостави дијалог со Багдад и странските земји.

XS
SM
MD
LG