Достапни линкови

Деведесет насто гласале за независност на Каталонија


Најмалку 844 граѓани и 33 полицајци биле повредени во во обид на полицијата да го спречи референдумот за независност на Каталонија.

Деведесет насто од оние што излегле на вчерашниот референдум во Каталонија гласале за независност на овој регион на Шпанија, официјално е објавено во Барселона врз основа на прелиминарните резултати од гласањето кое Мадрид го прогласи за илегално. Портпаролот на регионалната влада Жорди Турул изјави дека 90 проценти од 2,26 милиони Каталонци кои гласале во неделата, заокружиле „да“ за независност. Тој додаде дека скоро 8 проценти ја отфрлиле независноста, додека преостанатите гласачки ливчиња биле празни или неважечки. Турул нагласи дека во вкупниот број гласачки ливчиња не спаѓале и оние што ги конфискува шпанската полиција во текот на насилните упади за да го запре гласањето. Најмалку 844 граѓани и 33 полицајци биле повредени во овие насилства.

XS
SM
MD
LG