Достапни линкови

Затворени избирачките места во Каталонија, над 760 повредени


Каталонија

Гласањето на референдумот во Каталонија кој шпанските власти го прогласија за нелегален, заврши во 20 часот, а каталонските власти соопштија дека не може да кажат кога ќе бидат познати резултатите од изјаснувањето на кое граѓаните на Каталонија одговараа дали сакаат нивниот регион да стане незвисна држава уредена како република.

Гласачките кутии се однесени на непозната локација каде ќе се пребројуваат.

Најмалку 760 лица се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстарнтите во обидите на шпанските власти да го спречат одржувањето на референдумот за независнсот на Каталонија.

Шпанскиот премиер Мариано Рајои по гласањето изјави дека во Каталонија не се одржал никаов референдум

Ада Колау, градоначалничката на Барселона повеќе пати побара да се стави крај на полициското насилство врз граѓаните.

XS
SM
MD
LG