Достапни линкови

Хезболах: Курдскиот референдум може да доведе до "внатрешни војни"


Лидерот на движењето Хизбалах Хасан Насралах

Лидерот на шиитското движење Хизбалах, Хасан Несралах, кој е поддржан од Иран, го нарече референдумот за независност на ирачките Курди прв чекор кон поделбата на Блискиот Исток и предупреди дека тоа ќе доведе до "внатрешни војни". "Ќе ја отвори вратата за поделба", рече Хасан Насралах денеска во Бејрут.

"Поделбата подразбира преминување на регионот во внатрешни војни чиј што крај и временска рамка му се позната само на Бога ". рече Хасан

Ирачките Курди со големо мнозинство гласаа за независност на 25 септември на неограничен референдум во Ирачкиот автономен курдски регион. Националните власти во Багдад жестоко се спротивставија на референдумот и реагираа со намалување на директните воздушни врски на регионот со надворешниот свет.

САД и другите западни земји и Обединетите нации, се спротивставија на гласањето, како и соседите Турција и Иран, кои имаат големи курдски малцинства. Насралах рече дека гласањето претставува закана за целиот регион, а не само за Ирак или соседните држави со курдското население.

XS
SM
MD
LG