Достапни линкови

Зголемено нивото на Дојранското Езеро


Дојранско Езеро.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека Дојранското Езеро и денеска бележи драстично зголемување на нивото, од - 82 сантиметри колку што е просекот за октомври, на 178.

Хидролошките мерења не покажуваат поголеми отстапувања на нивоата кај Охридското и Преспанското Езеро.

Состојбата кај реките е поинаква. Водостоите на Вардар кај Велес, Скопје и Јегуновце, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Сатеска кај Ботун се пониски од октомврискиот просек, додека Струмица кај Сушево бележи извесно зголемување.

XS
SM
MD
LG