Достапни линкови

Почина родилка во Тетово, бебето во критична состојба


Синоќа во тетовската болница починала родилка која била донесена околу полноќ на клиниката со висок притисок и влошена здравствена состојба.

Од Министерствотоза здравство соопштија дека при прегледот било константирано дека породувањето веќе започнало. Во болницата веднаш било постапено според протоколот, меѓутоа за кратко време пациентката паднала во кома, а дежурните лекари во меѓувреме ја породиле. Направена е и реанимација, но пациентката не давала знаци на живот по што била констатирана смрт.

Бебето во меѓувреме е префрлено и згрижено на Детската клиника во Скопје.Тоа се наоѓа на Одделот за интензивна нега, но неговата состојба е критична.

XS
SM
MD
LG