Достапни линкови

Најмалку 28 цивили убиени во воздушни напади во Сирија


Момче носи леб додека се движи во град во Сирија по извршен воздушен напад

Најмалку 28 цивили, меѓу кои и четири деца, се убиени во синоќешните воздушни напади во бунтовничкото упориште Идлиб во северозападна Сирија, соопшти група на набљудувачи.Провинцијата Идлиб се наоѓа на неколку километри од турската граница. Британските набљудувачи изјавија дека не може да се утврди кој ги извршил воздушните напади. Во последните неколку денови, авиони кои припаѓаат на сириската влада и нејзиниот сојузник, Русија ги интензивираа нападите врз Идлиб. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 12 лица загинале во претходните напади во областа Харем, околу 20 километри северозападно од главниот град на провинцијата Идлиб. Идлиб, во кој доминира група претходно позната како "Нусра фронт", до неодамна имаше шестмесечно затишје на воздушните напади до најновата ескалација. Набљудувачите велат дека Сирија и Русија убиле голем број цивили во воздушните напади што започнаа откако бунтовниците започнаа офанзива против владата Двете страни негираат дека убиле цивили. На 15 септември, Русија, Турција и Иран се согласија за "де-ескалација" во Идлиб, како дел од напорите за воспоставување прекин на огнот во Сирија. Сирија соопшти дека договорот не ги опфаќа екстремистичките групи.

XS
SM
MD
LG