Достапни линкови

Кандидатот на СДСМ Трајковски подржан од ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство


Архивска фотографија. Избори

ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство дадоа поддршка на кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Горан Трајковски

" На Централниот комитет одлучивме да не ја поддржиме листата за советници, иако има наш кандидат за советник кој не е избран демократски, туку ќе ја поддржиме листата на СДСМ и кандидатот за градоначалник Горан Трајковски", истакна Гордана Бобулинска од ВМРО НП од Делчево

Стојанче Ангелов од „Достоинство“ рече дека Горан Трајковски е вистински кандидат за градоначалник на Делчево бидејќи се работи за чесен човек со одлуки какви што треба да има еден градоначалник.

За Љубе Бошковски од Обединети за Македонија овие локални избори се едни од најважните бидејќи, како што рече, треба да се сруши еден тоталитарен режим и на локално ниво.

XS
SM
MD
LG