Достапни линкови

Оставка на министерот за здравство на САД поради скапите летови


Американскиот министер за здравство и социјални услуги, Том Прајс

Американскиот секретар за здравство и социјални услуги, Том Прајс, поднесе оставка, по критиките во врска со неговото постојано користење скапи приватни авиони наместо комерцијални летови за патувања поврзани со работата. Неговата оставка доаѓа еден ден откако тој рече дека ќе ги надомести даночните обврзници само за мал дел од трошоците за неговите летови. Тој, исто така, се извини за користењето на 26 приватни летови од мај по цена од 400.000 долари. Владините службеници кои не се занимаваат со прашања поврзани со националната безбедност се должни да користат комерцијални летови за патување во врска со работата. Истрагата откри дека патувањата на Прајс чинат повеќе од еден милион долари, вклучувајќи ги и трошоците за воени авиони за неговите патувања во странство. Прајс стана секретар за здравство во февруари и е првиот член на кабинетот на Трамп што треба да ја напушти функцијата откако неколку други високо позиционирани припадници на Белата куќа си заминаа. Белата куќа во изјавата наведе дека заменик-помошник-секретар за здравство, Дон Џ. Рајт е назначен за вршител на должноста.

XS
SM
MD
LG