Достапни линкови

МОН: измени на законите за основно и за средно образование


Mинистерката за образование и наука Рената Дескоска

Три работни групи во Министерството за образование и наука викендов работат на предлози за измени и дополнувања на законите за основно и за средно образование и на одредбите од законите коишто се однесуваат на децата со посебни образовни потреби.

Министерството за образование и наука соопшти дека во работните групи вклучени се експерти од Министерството, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно стручно образование, Државниот просветен инспекторат, претставници од СОНК и МЕСО, Сојузот на дефектолози на Македонија, Комората на психолози на Македонија, Наставничкиот пленум, наставници и професори од сите региони во државата, како и претставници од граѓанските организации.

" Целта на овој инклузивен процес е да се земат предвид потребите на сите засегнати страни, да се дадат предлози и идеи како да се подобри образовниот систем и да се подигне квалитетот на образованието од страна на оние кои се директно вклучени и се дел од образовниот процес", велат од МОН.

Според министерката Рената Тренеска - Дескоска, предлозите добиени од работните групи се суштински во процесот на донесување на квалитетни измени и дополнување на законите за основно и средно образование, а предлозите ќе бидат јавно достапни и отворени за дебата.

XS
SM
MD
LG