Достапни линкови

Тилерсон во Кина на разговори за Северна Кореја


Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, вчера пристигна во Пекинг на разговори со кинеското раководство во врска со нуклеарната закана од Северна Кореја, трговијата меѓу САД и Кина и претстојната посета на на американскиот претседател Доналд Трамп во Кина. Тилерсон т денеска се среќава со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и другите високи кинески официјални претставници. Ова е втора посета на Тилерсон на Кина откако ја презеде функцијата во февруари. Стејт департментот на САД бара Кина да преземе построги мерки против Северна Кореја како одговор на тестирањето на нуклеарното оружје. Деновиве Кина објави дека сите севернокорејски компании во Кина треба да се затворат до почетокот на јануари. Оваа наредба е поврзана со санкциите донесени претходно во септември од Советот за безбедност на Обединетите нации како одговор на тестовите со ракети и нуклеарното оружје на Северна Кореја. Првата официјална посета на Трамп на Кина се очекува да се одржи во ноември. Трамп се состана со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Флорида во април на разговори за билатералната трговија.

XS
SM
MD
LG