Достапни линкови

Протест „За фер избори“ во Киргистан


Протест во Бишкек.

Околу илјада луѓе се собраа на протест во главниот град на Киргистан, Бишкек, „ За фер избори“, организиран од активисти. Тие протестираат против злоупотреби на изборната кампања, вклучувајќи поткуп и употреба на административни ресурси. Во Киргистан на 15 октомври треба да се одржат претседателски избори.

Главни кандидати за иден претседател на државата се Соронбај Јеинебеков, од владејачката Социјалдемократска партија, кој се повлече од функцијата премиер во август да се кандидира за претседател, и Обурбек Бабанов, бизнисмен, кој исто така е поранешен премиер. Поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, кој е претседател од декември 2011 година, според Уставот не смее да се кандидира за втор мандат.

Двајца претходни претседатели беа протерани од функцијата, по протестите во 2005 и 2010 година.

XS
SM
MD
LG