Достапни линкови

Навални ослободен од притвор


Рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Рускиот опозиционер Алексеј Навални вети дека ќе продолжи да одржува митинзи низ цела Русија, откако полицијата во Москва го ослободи од притворот доцна на 29 септември. Тој беше во притвор околу 10 часа, откако полицијата го спречи да зборува на митингот во Нижни Новгород. Навални треба да се појави пред суд на 2 октомври, под обвинение дека постојано организирал нелегални демонстрации.

Откако излезе од полиција, Навални рече дека нема да го спречат да организира митинзи, без разлика какви пречки да му прават.

Тој минатата година најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година, но Централната изборна комисија соопшти дека е неподобен за кандидат, оти има пресуда за финансиски кривични дела. Навални, кој егласен критичар на претседателот Владимир Путин, вели дека судските процеси против него се политички мотивирани.

По ослободувањето од притвор Навални на Твитер напиша:

„Кремљ на моите состаноци со гласачите гледа како на голема закана, па дури и навреда. На нивните состаноци никој не доаѓа, освен ако не се платени“, напиша тој.

XS
SM
MD
LG