Достапни линкови

Герхард Шредер - шеф на управниот одбор на Роснефт


Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денеска е назначен за шеф на управниот одбор на рускиот државен нафтен гигант Роснефт. На денешниот состанок во Санкт Петерсбург, одборот беше проширен од 9 на 11 членови, а во него влезе и рускиот министер за енергија, Александар Новак.

Генералниот директор на Роснефт, Игор Сечин, кој е близок сојузник на претседателот Владимир Путин, изјави дека изборот на Шредер ќе го овозможи ширењето на европскиот бизнис на компанијата и ќе го прошири влијанието во Европа.

Роснефт е под санкции, кои ЕУ ги воведе против Русија поради анексијата на Крим и нејзината вмешаност во конфликтот во источна Украина.

Шредер исто така е и на чело на Бордот на акционери на проектот Северен тек кој треба да носи руски гас во Германија, а чиј доминантен сопственик е рускиот државен енергетски гигант Газпром.

XS
SM
MD
LG