Достапни линкови

Бомбашки напад во близина на шиитска џамија во Кабул


Најмалку еден човек загина, а дваесетина се ранети кога бомбаш-самоубиец денеска го активирал експлозивот во близина на големата шиитска џамија Хасаинија во Кабул, каде што верниците се собирале на петочната молитва за Ашура, најсветиот шиитски празник, информираат авганистанските власти.

Некои извештаи од лице место посочуваат дека има шестмина загинати. Властите велат дека имало најмалку двајца напаѓачи кои загинале.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG