Достапни линкови

Дачиќ во работна посета на Москва


Архивска фотографија: Министрите за надворешни работи на Србија и на Русија, Ивица Дачиќ и Сергеј Лавров во Белград

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска е во работна посета на Москва. Дачиќ, кој е копретседавач на Меѓувладиниот српско-руски комитет за трговска, економска и научно-техничка соработка, ќе разговара со заменик-премиерот на Владата на Руската Федерација и рускиот заменик-претседател на Комитетот Дмитриј Рогозин за претстојниот состанок на тој комитет во Белград.

Предвидено е Дачиќ да има средба и со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на која покрај економските, ќе разговараат и за политичките прашања, како што е притисокот врз Србија да наметне санкции на Русија, дипломатскиот статус на Рускиот хуманитарен центар во Ниш и намерата на Приштина да се зачлени во меѓународните организации.

Според руските медиуми, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најверојатно ќе го посети Белград, но не е прецизиран датумот.

XS
SM
MD
LG