Достапни линкови

Украински советник убиен по критиките за корупција во комуналните претпријатија


Архивска фотографија: Протест пред судот во Черкаси

Еден општински советник во градот Черкаси во централна Украина е убиен само неколку часа по емитувањето телевизиско интервју во кое тој зборуваше за корупцијата во комуналните претпријатија во градот.

Локалната полиција информира дека Михајло Бинусов, шеф на градската организација на партијата Украински патриотски сојуз, бил убиен синоќа од засега непознати сторители.

Бинусов на 22 септември беше назначен за в.д. директор на градскиот оддел задолжен за контрола врз управувањето и работењето на комуналните претпријатија. Градоначалникот Анатолиј Бодаренко рече дека главна задача на Бинусов е да стави крај на корупцијата во комуналните претпријатија.

XS
SM
MD
LG