Достапни линкови

Приведен рускиот опозиционер Алексеј Навални


Рускиот опозиционер Алексеј Навални

Рускиот опозиционер Алексеј Навални соопшти дека бил приведен пред неговиот дом во Москва кога тргнал на митинг во градот Нижни Новогород. Тој денеска на Инстаграм објави дека бил уапсен кога излегол да фати воз.

„О, стариот Путин не сака да стигнам на демонстрациите“, напиша 41-годишниот Навални, објавувајќи видео снимка од апсењето.

Министерството за внатрешни работи подоцна информира дека Навални бил уапсен поради „повторување на повиците“ до луѓето за учество во неодобрени демонстрации.

Навални, кој е критичар на претседателот Владимир Путин, води кампања за претседателските избори во 2018 година, и покрај тоа што е дисквалификуван поради тоа што е кривично осуден. Тој тврди дека обвиненијата за финансиски криминал се фабрикувани од политички причини за да ги дискредитираат неговите обвинувања за корупција на Путин.

XS
SM
MD
LG