Достапни линкови

Најмалку 22 загинати во стампедо во Мумбаи


Најмалку 22 луѓе загинаа, а 30 се повредени во стампедо на железничката станица во Мумбаи. Полицијата соопшти дека стампедото се случило на пешачки мост што поминува над пругата во железничката станица Елфинстоун. Станицата обично е преполна за време на шпицот.

Станицата е во центарот на Мумбај каде што меѓу сиромашните квартови со трошни куќички се изградија нови луксузни куќи и згради, луксузни трговски центри и претставништва на меѓународните финансиски институции.

Властите велат дека луѓето се собрале под натстрешницата на мостот за да се скријат од поројниот дожд со што го пренатрупале и онака преполниот мост. Стампедото почнало кога се рашириле гласини дека мостот паѓа откако се откачиле бетонски парчиња.

Видео снимката од инцидентот објавена на социјалните мрежи покажува дека луѓето скокаат од мостот или висат од оградата за да избегнат да бидат прегазени.

XS
SM
MD
LG