Достапни линкови

Путин и Ердоган сакаат поголема соработка за крај на војната во Сирија


претседателите на Турција и Русија Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, Анкара, 28.09.2017.

Турција и Русија сакаат да ја зголемат соработката со цел завршување на војната во Сирија и да работат на воведување зони на деескалација во бунтовничката провинција Идлиб на северозападот на Сирија, изјавија претседателите на двете земји Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин по нивната средба во Анкара. Путин додаде дека биле исполнети условите за завршување на, како што рече, „братоубиствената војна во Сирија со цел да се уништат терористите и да им се дозволи на Сиријците да му се вратат на нормалниот начин на живот“. Путин и Ердоган разговарале и за курдскиот референдум за независност во Ирак при што турскиот претседател оцени дека тоа било голема грешка и оти со референдумот се нарушила стабилноста во регионот.

XS
SM
MD
LG