Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно и свежо


Во Македонија ќе биде претежно облачно и свежо, на западот и југот со повремен локален дожд, а во североисточните делови ќе има сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, особено на североисток. Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната температура од 14 до 19 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.

XS
SM
MD
LG