Достапни линкови

Протести на наставниците во Белград


Протести на наставниците во Белград во март годинава.

Неколку стотини вработени во српскиот образовен систем денеска протестираа во центарот на Белград. Тие ја повикаа власта да го повлече новиот закон за вработените во јавната администрација и побараа покачување на платите до 25 отсто.

Тие пред седиштето на Владата носеа транспаренти испишани со зборовите „Солидарноста е наше оружје“ и „Не однесовте на дното“. Според законот, министерот за образование ќе ги назначува директорите на училиштата и може да отпушта вработени без некоја независна контрола.


XS
SM
MD
LG