Достапни линкови

Обвинение за обид за убиство за напаѓачот на Тодоров


Увид пред Министерството за здравство каде со огнено оружје беше нападнат поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Основното јавно обвинителство соопшти денеска дека по завршената истрага поднело обвинение против лицето Љ.С, кое на 1 јуни годинава пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров. Обвинетиот, како што соопштија, се товари за две кривични дела обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Од обвинителството до судот понеле барање и за продолжување на притворот поради, како што наведуваат, постоење на опасност од бегство на обвинетиот и опасност од извршување на обиденото кривично дело.

XS
SM
MD
LG