Достапни линкови

Советот на јавни обвинители го усвои четвртиот извештај на СЈО


Седница на Совет на јавни обвинители на кој беше присутна и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Советот на јавни обвинители на денешната седница го усвои четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство. Претседателот на Советот, Коле Штерјов на седницата ја оценил како позитивна работата на СЈО, изразувајќи умерен оптимизам.

Според него, СЈО треба да се продолжи со затворање на предметите во кои има конкретни сознанија за кривични дела. Обвинителката Катица Јанева искажала подготвеност да ги прифати забелешките на Советот. Таа најавила дека и натаму ќе отвораат истраги во периодот што следи, иако не многу скоро, бидејќи се анализира голема документација. Извештајот на СЈО по локалните избори ќе биде разгледан од Собранието.

XS
SM
MD
LG