Достапни линкови

Судења за „Диво Насеље“ и „Транспортер“


Полициската акција во Куманово на 10 мај 2015

Продолжение на судското рочиште за случајот „Диво Насеље“ и почеток на судскиот процес за „Транспортер“ се закажани за денеска во скопскиот Кривичен суд.

На рочиштето за „Диво Насеље“ завршни зборови треба да дадат последните обвинети и нивните адвокати. Во овој случај на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација, за судирите со македонската полиција на 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље. Во престрелката загинаа осум полицајци, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Во случајот „Транспортер“ се осомничени битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360 илјади евра.

Случајот „Транспортер“ е на СЈО.

XS
SM
MD
LG