Достапни линкови

Путин ќе допатува во посета на Анкара


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на средба во Сочи на 3 мај 2017

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да допатува во официјална посета на Анкара.

Тој и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган ќе остварат билатерална средба во претседателскиот комплекс во Анкара каде ќе разговараат за глобалните и регионалните прашања, како и за подобрување на односите меѓу двете земји.

Важна тема во разговорите ќе бидат случувањата во Сирија и во Ирак. Двајцата лидери претходно оваа недела остварија телефонски разговор и го потенцираа зачувувањето на територијалниот интегритет на Ирак и Сирија.

Ердоган и Путин ќе се осврнат и на референдумот што го спроведоа ирачките Курди.

На средбата ќе се разменат мислења за чекорите што треба да се преземат во наредниот период за подобрување на економските односи меѓу Турција и Русија. Друго важно прашање на агендата на Ердоган и Путин е системот за воздушна одбрана на С-400, осврнувајќи се на нивна набавка и копродукција. Покрај енергетските проекти, како што се електричната енергија и нуклеарната централа Акују, ќе бидат преземени чекори за инвестиции во производство на храна, туризмот, како и олеснување на процесот за добивање визи меѓу двете земји.

Двајцата претседатели последната официјална средба ја одржаа на 3 мај 2017 година во Сочи, Русија.

XS
SM
MD
LG