Достапни линкови

Нова рунда преговори за Сирија по еден месец


Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија Стафан де Мистура

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија Стафан де Мистура изјави дека следната рунда преговори меѓу влдата и опозицијата ќе биде одржана за еден месец, односно пред почетокот на ноември. Според него, дотогаш двете страни треба да создадат услови за „смислени“ преговори. Тој упати повик и до опозицијата во Сирија да изнајде „заедничка платформа“ во преговорите со властите. Преговорите се фокусирани врз четири клучни прашања: локалната и централната управа, новиот устав, изборите и борбата против тероризмот

XS
SM
MD
LG