Достапни линкови

Киев: експлозиите во военото складиште биле саботажа


Експлозиите во складиштето можеле да се слушнат и во Киев кој е одалечен околу 270 километри.

Украинските лидери сметаат дека големите експлозии во военото складиште за муниција во централниот дел на земјата биле „саботажа“. Експлозиите предизвикале евакуација на над 30 илјади луѓе и затворање на воздушниот простор во тој регион. Украинскиот премиер Володимир Хројсман изјави дека не било несреќен случај уништувањето на арсеналот на украинската армија. Според некои податоци таму имало околу 188 илјади тони експлозив. Експлозиите во складиштето можеле да се слушнат и во Киев кој е одалечен околу 270 километри.

XS
SM
MD
LG