Достапни линкови

Ирачкиот премиер бара поништување на курдскиот референдум


Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади

Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади побара поништување на референдумот за независност на автономниот курдски регион. „Референдумот мора да биде поништен и да се иницира дијалог во рамките на Уставот. Никогаш нема да одржиме разговори врз основа на резултатите на референдумот“, изјави Абади, додавајќи дека ирачките закони важат во целата земја. Претходно курдските власти соопштија дека на референдумот одржан на 25 овој месец скоро 93 насто гласале за независност. Одѕивот бил 72 насто. Новинската агенција Ројтерс јавува дека парламентот побарал од премиерот Абади да испрати војска во курдскиот регион Киркук за да ја преземе контролата врз нафтените полиња.

XS
SM
MD
LG