Достапни линкови

Палестина стана членка на Интерпол


Интерпол ја прими Палестина за своја членка, потег на кој Израел остро му се спротивставува.

„Државата Палестина и Соломонските Острови сега се членки на Интерпол“, информира меѓународната полиција денеска на Твитер.

Палестинската кандидатура била одобрена на годишното собрание на Интерпол во Пекинг.

Палестинската ослободителна организација на Твитер објави дека над три четвртини од земјите-членки гласале во корист на Палестина.

Засега нема коментар од Израел. Минатата година, поради израелското противење, пропадна палестинскиот обид за прием во Интерпол.

Палестина доби статус на набљудувач во ОН во 2012 година и оттогаш се зачлени во над 50 меѓународни организации и договори, информира палестинското МНР.

XS
SM
MD
LG