Достапни линкови

Матис и Столтенберг во ненајавена посета на Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Џим Матис и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со претседателот на Авганистан Ашраф Гани во Кабул

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска пристигнаа во ненајавена посета на Кабул, информира портпаролот на мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан.

Во близина на меѓународниот аеродром во Кабул паднале шест ракети неколку часа по слетувањето на Матис и на Столтенберг, информира авганистанското Министерство за внатрешни работи. Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава. Нема информации за жртви.

Матис и Столтенберг се среќаваат со авганистанскиот претседател Ашраф Гани, со американските војници, како и со претставници на мисијата „Одлучна поддршка“ кои ги обучуваат авганистанските сили.

Тема на состаноците веројатно ќе биде спроведувањето на новата американска стратегија за Авганистан која претседателот Доналд Трамп ја објави минатиот месец.

Според планот на Трамп, САД ќе испратат три илјади нови војници во Авганистан, покрај постојните 11 илјади, за обука и советување на авганистанските безбедносни сили.

Критичарите, пак, прашуваат што може да постигнат овие дополнителни три илјади американски војници, а не можеле да го направат дури 100 илјади колку што имаше за време на најинтензивните судири.

XS
SM
MD
LG