Достапни линкови

Уште едно излевање на нафта кај Атина


Нафтена дамка на плажата Агиос Космас во близина на Атина на 17 септември по потонувањето танкер

Носач на песок потона во близина на атинското предградие Аспропиргос, источно од грчката компанија за челик Халивургики, по што дојде до излевање на нафта во морето.

Пристанишните власти ставиле огради во морето за да го контролираат загадувањето, а приватна компанија веќе почнала со чистење на водата со помош на персоналот на пристанишната управа.

Централната пристанишна власт на Елефсина почна истрага за инцидентот.

Пред околу две недели во близина на островот Саламина потона танкер, при што се излеаја околу 2.500 кубни тони нафта и гас, што предизвика голема еколошка штета.

XS
SM
MD
LG