Достапни линкови

Тројца лидери на ИД уапсени во Истанбул


Истанбул

Тројца лидери на џихадистичката група Исламска држава (ИД) се уапсени при полициска операција во Истанбул. Уапсените, од кои двајца се од Индонезија, а третиот од Сирија, се осомничени за подготвување на терористички напади,

Кај тројцата уапсени полицијата открила „сигурни докази“ за нивна поврзаност со ИД, меѓу кои има и повеќе записи од егзекуции за пропагандни цели, стари видео снимки на лидерот на џихадистите Абу Бакр ал Багдади, фотографии на групата, како и упатства за изработка на бомбата што се користела во терористичкиот бомбашки напад во Бостон.

Во акцијата се уапсени уште 22 лица, странски државјани, кои се протерани од Турција.

Се претпоставува дека осомничените планирале да извршат бомбашки напади со експлозивни направи изработени според пронајдените упатства.

XS
SM
MD
LG