Достапни линкови

Димитров во Брисел се сретна со Хан


Министерот за надворешни работи Никола Димитров со еврокомесарот Јоханес Хан, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ, Талин, 08.09.2017.

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, на средбата во Брисел со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, како што соопшти МНР, изразил убедување дека напредокот на земјата ќе овозможи отворање на дискусија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија, членство во ЕУ. Еврокомесарот Хан ја повторил посветеноста на ЕК за натамошна соработка со Владата на Македонија во функција на успешна реализација на итните реформски приоритети и забрзување на евроинтегративниот процес на земјата.

XS
SM
MD
LG