Достапни линкови

Македонското друштво „Илинден“ го осуди притворот на Темелко


Семакедонски собир во Прилеп. Едмонд Темелко, архивска снимка

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана и Македонско друштво „Илинден“ - oгранок Голо Брдо најостро го осудуваат притворот од триесет дена за Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција во Република Албанија. „Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат итно ослободување од гонење и извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија, се наведува во соопштението во кое се додава дека приведувањето на Темелко, според нив, е антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Претходно, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати барањето на СЈО и му определи на Темелко мерка 30-дневен притвор. Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

XS
SM
MD
LG