Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во источните, кон крајот на денот во јужните делови и од земјава, каде се очекува да бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната температура од 16 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура до 11, а дневната температура ќе достигне до 21 степен.

XS
SM
MD
LG