Достапни линкови

Можно е блокирање на Фејсбук во Русија во 2018 година


Русија-Александр Жаров, шеф на руското тело за набљудување и регулирање на интернетот

Руската државна агенција која го набљудува и регулира интернетот се закани дека може да ја блокира социјалната мрежа Фејсбук во 2018 година, ако не се придржува до законот со кој се регулира обврската на ИТ компаниите да ги чуваат личните податоци на руските корисници на сервери во Русија. Шефот на агенцијата Александр Жаров денеска рече дека законот е обврзувачки за сите, дека сите треба да го спроведат или во спротивно компаниите ќе мора да престанат да работат во Русија. Ќе инсистираме и Фејсбук да го спроведе законот, рече тој додавајќи дека руската влада разбира дека тоа е уникатен сервис но дека нема да прават исклучоци и дека ќе ја блокираат социјалната мрежа од идната година ако не го почитува законот.

XS
SM
MD
LG