Достапни линкови

Ердоган - Одлуката за референдум е предавство


Архивска фотографија-претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини лидерите на Ирачки Курдистан за предавство поради референдумот за независност и ги предупреди ирачките Курди дека „ќе умрат од глад“ кога Турција ќе им забрани на нивните камиони да ја преминуваат границата. Во исто време Ердоган се закани дека и ќе ја прекине дистрибуцијата на гас што се одвива преку гасоводот од северен Ирак.

Игнорирајќи ги притисоците од Багдад, заканите од Турција и предупредувањата од меѓународната заедница, Курдите во северен Ирак спроведоа референдум на кој според првичните податоци, излезноста била 72 проценти, од кои 90 отсто гласале за независност на курдскиот регион во Ирак.

XS
SM
MD
LG