Достапни линкови

МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на Ново Село


Илустрација

Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Ново Село за злоупотреба на службена положба и овластување. Тој, како што информираат од МВР, на вработени во општината им дозволил со службено возило без патен налог да превезуваат изборен пропаганден материјал за кандидати за градоначалници од една политичка партија.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи-Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.В (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законикна Република Македонија. Пријавениот, во својство на градоначалник на општина Ново Село, дозволил на вработени од општината да управуваат службено возило без патен налог и во него да превезуваат изборен пропаганден материјал.

Вчера во 19 часот на магистралниот пат Струмица - Радовиш, сообраќајна патрола, при редовна контрола запрела патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на општина Ново Село, а управувано од лицето А.К. од Ново Село, вработен во општина Ново Село. Во возилото сопатници биле лицата В.К. и Е.П., исто така, вработени во општина Ново Село. Возачотне поседувал патен налог за управување на службено моторно возило. При извршената контрола било констатирано дека во службеното возило имало изборен пропаганден материјал, кој го натовариле од печатница во Кочани за кандидати за градоначалник на општините Ново Село, Босилово и Василево, од една политичка партија.

За настанот бил известен јавен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка била издадена наредба за претрес на возилото. При претресот, со потврда за одземени предмети, биле одземени 6.000 плакати-изборен пропаганден материјал, а лицата биле лишени од слобода и изведени пред Јавен обвинител.

XS
SM
MD
LG