Достапни линкови

Палестинец убил тројца Израелци на Западниот Брег


Напаѓачот бил 37-годишен Палестинец, измешан меѓу палестинските работници кои биле претресувани од безбедносните сили на влезот во населбата Хар Адар на Западниот Брег

Еден Палестинец денеска почнал да пука кон израелската полиција на влезот во населба на Западниот Брег при што убил тројца луѓе, а ранил еден, пред да биде застрелан. Полицијата соопшти дека напаѓачот бил 37-годишен Палестинец, измешан меѓу палестинските работници кои биле претресувани од безбедносните сили на влезот во населбата Хар Адар. Кога му било наредено да застане, тој го извадил оружјето и почнал да пука. Напаѓачот, кој имал важечка дозвола за работа во Израел, бил застрелан.

Пред две години имаше голем бран немири на Западниот Брег, но насилствата се смирија во последните месеци.

XS
SM
MD
LG