Достапни линкови

Пацоли во Подгорица за демаркацијата на границата со Црна Гора


Премиерот на Косово Рамуш Харадинај

Шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли денеска ќе престојува во Црна Гора, каде што се очекува да разговара за демаркацијата на косовско-црногорската граница. Договорот за демаркација на косовско-црногорската граница е потпишан во Брисел кон крајот на август 2015 година. Претходната владејачка коалиција го немаше потребното двотретинско мнозинство за негова ратификација. Опозициските пратеници,меѓу нив и оние од партијата на актуелниот премиер Рамуш Харадинај, се спротивставија со тврдење дека Косово со овој договор губи повеќе од осум илјади хектари земја. Харадинај по изборот на владата ја разреши комисијата која го подготви документот и формира нова. Претседателот на црногорската комисија за обележување на гранцата со Косово Милан Пауновиќ деновиве изјави дека очекува тоа прашање да биде заокружено според веќе постигнатиот договор меѓу двете страни.

XS
SM
MD
LG